ПОЛИТИКА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Политика за приватност на личните податоци на веб-страната epicentar.mk
Политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата го уредува начинот на кој epicentar.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (поединечно – „Корисник“) на epicentar.mk веб-страницата („Страна“). Оваа политика за приватност се однесува единствено за веб-страницата.
Кои информации ги собираме?
epicentar.mk ги собира следниве податоци при посета на страницата:
Лични идентификациски информации
Одредени посетители одбираат да комуницираат со оставање на нивната адреса за е-пошта. Ние ја собираме адресата за е-пошта од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до нас. Податоците ќе бидат третирани доверливо и нема да бидат проследувани до трети страни или ќе се користат за друга намена.
Идентификациски информации што не се лични
Ние може да собираме и идентификациски информации за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат страницата. Идентификациските информации што не се лични може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата и слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
Нашата страница може да користи колачиња за да се подобри корисничкото искуство. Пребарувачот на интернет на корисникот ги чува колачињата на неговиот компјутер заради цели на чување записи за посетите на страницата. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога ќе се пратат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
Аналитика на Google
Страницата користи аналитика на Google за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и IP адресата) се проследуваат до Google. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата. Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. Google нема да ја придружи вашата IP адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во Google. Ниту epicentar.mk ниту Google нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе IP адресата со идентитетот на корисникот.
Како ги користиме собраните информации?
epicentar.mk ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели:
Како ги штитиме вашите информации?
Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница.
Обработка на вашите лични информации
Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме корисничките лични идентификациски информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.
Политика за приватност на личните податоци само за веб-страницата
Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите што се собираат преку нашата веб-страница и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
epicentar.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обрнуваме внимание на корисниците често да ја проверуваат оваа страница за какви било измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци што ги прибираме. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со политиката, ве молиме не користете ја нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.
ЕПИ Центар Интернационал нуди соодветни консултантски услуги за стратешко и бизнис планирање на полето на бизнис развој кои можат да бидат специјализирани на агробизнис, менаџмент со природни ресурси и туризам.
При ова, се подготвуваат различни стратешки документи (осврти, анализи, бизнис и инвестициски планови, маркетинг планови, физибилити студии, анализа и план на потреби за обука за приватни и јавни субјекти.
Стратешка анализа
Услугите на стратешка анализа кои ги нуди нашата компанија во себе вклучуваат:
ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал нуди услуги за креативно осмислување на маркетинг кампањи, нивно реализирање и спроведување преку различни канали.
За нашите клиенти нудиме изработка на маркетинг планови, за редовна објава на блог постови и информативни содржини, нивно споделување на социјалните мрежи.
За вас можеме да изработиме професионално промотивно видео, како и креативно решение за веб банери и промотивни објави на сите канали.
Во ера на дигитална трансформација вашето онлајн присуство е од исклучителна важност, па затоа дозволете тим на професионалци да се погрижи дека ќе ги добиете максималните резултати.
Во рамките на овие услуги, нашата компанија подготвува:
ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал нуди надворешни мониторинзи и евалуации на проекти во областа на економски развој на проекти кои се финансирани од донатори. Целта на овие активности е проектот да ја подобри својата активност насочена кон креирање на алатки и матрици за мониторинг, индикатор – шеми, методи за прибирање на квалитативни и квантитативни индикатори, финална и полуфинална евалуација на ефективноста, ефикасноста и одржливоста на проектите.
Нашата компанија врши услуги на мониторинг на перформансот во имплементацијата на сите свои проекти, со што се овозможува постигнување на најдобри можни резултати за потребите на нашите клиенти.