Зошто да не изберете нас?
ЕПИ ЦЕНТАР е бренд кој го препознавате бидејќи е синоним за економски развој, висок квалитет на услуги и уникатен пристап кои заедно доведуваат до иновативен стил и успех на проекти.
Нашиот тим работи по мотото “Висок квалитет – задоволни клиенти”. Нашите искуства и знаења се фокусирани на задоволување на потребите на клиентите на брз и ефективен начин со гарантиран квалитет.
ЕПИ ЦЕНТАР работи на постојано подобрување на локален и регионален економски развој преку обезбедување услуги и можности за поврзување на своите клиенти.
ЕПИ ЦЕНТАР одржува мрежа на постојани партнери, организации, компании и клиенти кои се лидери во различни области.

Прв круг од обуката за добри земјоделски практики на програмата Техничка поддршка за земјоделството во Косово ( IWRM-K )
Сите фармери ќе поминат обука од теренски експерти на теми: напредни техники за производство на јаболка и малини, рационално отстранување на отпадот, вода и пестициди. По обуката, земјоделците ќе бидат тестирани, оние кои го исполнуваат критериумот за подобност и други критериуми ќе бидат избрани за грантови, познати како задолжителни грантови и грантови за преговарање во вредност од 7.500 евра.

Тркалезната маса за „Улогата и важноста на медиумите во процесот на интеграција во ЕУ - партнерство, транспарентност и одговорност“

Одржани три интерактивни обуки и дискусии на новинари за ЕУ интеграција на Северна Македонија - “Да, можеби, не”
Олгица Лола Милојевиќ- модератор и политиколог
Општата цел на овие обуки и интерактивни дискусии е да се запознаеме, дознаеме и споделиме искуства за важноста на евроинтегративниот процес и улогата на медиумите, институциите во Северна Македонија и ЕУ. Исто така, важно е да дискутираме за можните начини на известување како би можеле да ја информираме јавноста поквалитетно и поефикасно за разните аспекти од процесот на ЕУ интеграција, за новостите, моменталните достигнувања, но и предизвиците за понатамошното приближување кон членството во ЕУ.
Дискусијата се одржува во рамки на Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ имплементиран од УНОПС во рамките на активноста за унапредување на капацитетите на медиумите за известување на процесот на пристапување во ЕУ финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА.

“Да, можеби, не” - Интерактивна обука и дискусија на новинари, ЕУ интеграција на Северна Македонија
People 2 People и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во рамките на активностите на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА, а имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, ги повикува сите новинари од локалните, регионалните и националните медиуми да се пријават за учество на интерактивната обука и дискусија.
Прочитај повеќе...
Анализи на почвата за одгледувачи на малини, јаболка и компири
Со цел да се влијае на намалување на загадувањето на почвата во рамки на проектот „Техничка поддршка за земјоделството во Косово во контекст на интегрирано управување со водните ресурси“, земени се мостри од 55 одгледувачи на јаболка, малина и компир, земање мостри на различни локации во со цел да се има сеопфатно покривање на различни области на Косово.
Со цел да ги информира земјоделците за анализа на почвата, ИАДК заедно со ЕПИЦЕНТАР организираше информативни сесии во мали групи, присутни беа земјоделците од кои беа земени мострите, а целта на информативните сесии беше што подетално да се информираат земјоделците за анализа на почвата и за препораките како да се продолжи со ѓубрење на земјиштето во иднина во однос на количината и начинот на ѓубрење.
Информативната сесија беше организирана во канцелариите на ИАДК и ја одржа проф. Xhevdet Elezi, кој го информираше секој земјоделец за анализата на почвата, а беа поделени и календари за ѓубрење на почвата во наредните месеци.

Презентирање на индивидуализирана програма за ѓубрива на земјоделците

Сертифицирани производители на пчеларско органско производство
ЕПИЦЕНТАР Интернационал во соработка со Косовското здружение „ОРГАНИКА“, со поддршка на проектот PPSE, организираше студиска посета на нивните членови, на македонски сертифицирани производители на пчеларско органско производство. Целта на посетата беше да се остварат први контакти помеѓу органските производители на мед во Македонија и да се истражи идната соработка во делот на информации за купување, нивна обработка, предности и недостатоци на производите со органска сертификација, процесите за добивање на органски сертификат, трговија извоз и пристап до меѓународните пазари, пласман на органски мед на домашниот и регионалниот пазар.

АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА СО ЈАВНИТЕ УСЛУГИ во населба БАИР –ОПШТИНА БИТОЛА
Анализата која ја изработи ЕПИЦЕНТАР Интернационал се изработуваше од месец јули до октомври 2021 и опфати теренска анкета и интервјуа. Анкетата беше поделена на неколку делови кои имаа за цел да го подобрат мапирањето на јавните услуги во населбата, да го оценат квалитетот и задоволството со дадените услуги од јавната администрација. Во анкетата беа опфатени 33% од ромското население во Општина Битола.

Дегустација на јагнешко месо од автохтоната раса овци „Праменка Овчеполка“.

Студиска посета на Косовската асоцијација на преработувачи и извозници на недрвни шумски производи
Прочитај повеќе...

Подобрени пазарни односи за малите земјоделци и производителите на храна од руралните средини со цел зголемен приход
Во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители наа спроведува Националната федерација на фармер храна од руралните области со цел зголемен приход“ беше спроведена теоретска и практична обука за овоштарите, во рамки на интервенцијата „Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ која ји (НФФ), поддржана од Шведската организација за развој We Effect Europe и Sida. Едукацијата беше спроведена од страна на професорот Марјан Кипријновски и Епицентар. Теми на работилницата се ѓубрење, заштита од град, помотехнички мерки.

Подобрени пазарни односи за малите земјоделци и производителите на храна од руралните средини за зголемен приход
Во рамки на интервенцијата „Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ која ја спроведува Националната федерација на фармери (НФФ),во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect Europe и Sida. На 23 февруари 2022 година во Корча, Република Албанија, се посети фабрика за производство на овошни сокови и каде групата од Македонија на лице место имаше можност да види како се одвива процесот на производство на поголеми количини на овошни сокови. Во исто време посетителите имаа можност да разменат искуства со вработените и лицата кои се директно вклучени во производниот процес.

Првиот круг на тестирање за потенцијалните грантисти за проектот IWRM-K.
Се одржа тестирање на првата група на потенцијални грантисти во делот на производство на јаболко и малина. Делот на програмата за претставување на нови технологии во делот на иригација и фертиригација, финансирано од SDC, имплементирано во партнерство со IADK.



Проценка на потенцијалите за локален економски развој на три општини (Прилеп, Штип и Шуто оризари) и мапирање на потенцијалните локални синџири на снабдување и вредност

,,Безусловно би го препорачале ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал за било кои проектни активности во кои организацијата ви бара сериозен, професионален, и посветен партнер за успешна имплементација”.
,,Врз основа на нашето искуство, со задоволство би го препорачале ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал за истражувачки и консултантски услуги каде теренско истражување претставува важен дел од проектот.”
,,Наше цврсто верување е дека соработката со Епицентар Интернационал е од огромна важност и со оглед на ова, го препорачуваме ЕПИ Центар Интернационал за многубројни услуги.
,, Ни претставува чест да безусловно го препорачаме ЕПИ Центар Интернационал за сите проектни активности во кои Ви треба сериозен и професионален пристап на проектна имплементација.”
,,Би сакале да потврдиме дека за време на соработката, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал секогаш ги спроведуваше активностите на професионален и навремен начин. Притоа, одговори на сите потреби на програмата, следејќи современ пристап базиран на теоретско и практично истражување. Врз основа на нашето искуство, со задоволство би го препорачале ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал за слични задачи и консултантски услуги. “