ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал им помага на организациите во успешната реализација на нивните проекти. Имено, во склоп на оваа услуга нуди еспертиза за дизајн и имплементација на проекти како и за мониторинг на прогресот и справување со крајните резултати.
Во оваа област, ЕПИ ЦЕНТАР ги нуди следните услуги:
- Подготовка на проектни понуди и апликации кои се направени преку користење на професионално и екстензивно искуство на тимот. Се разбира, овие услуги ги нуди притоа внимавајќи на критериумите кои се поставени од страна на главните донатори како USAID, EU, SDC, SIDA и тн.
- Подготовка на планови за имплементација, фасилитација на оперативно планирање и воспоставување на механизми на финансирање за разни проекти, институции и организации.
- Припремање на планови за мониторинг и само-евалуациски процедури за значајни проекти и институции со цел да се подобри нивниот развој и нивната продуктивност.
- Подготовка на извештаи за проценка врз основа на темелно истражување преку користење на најсовремени алатки во разни активности и сектори на дејствување.
- Организација на основна проценка, тековни евалуации и финални евалуации на различни степени на проекти и активности. Со нив, се добиваат реалистични наводи и информации со кои се изработуваат препораки за потребите на клиентите.