Епи Центар Интернационал спроведе Истражување на пазарот и изработи Елаборат за заштита на географска ознака на „Македонско традиционално бело сирење од Овчеполска праменка“.
Истражувањето на пазарот беше сеопфатен дел од детална анализа за производството, пакување и продавање на овој вид на сирење во РМС, а со цел да се утврдат перцепциите и задоволството на потрошувачите, како и да се идентификуваат потенцијалите за проширување на пазарот за овој уникатен производ. Дополнително, еволуирани беа и анкетни прашалници од посетите на саеми кои го дегустирале сирењето.
„МАКЕДОНСКО ТРАДИЦИОНАЛНО БЕЛО СИРЕЊЕ ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА“ е географски назив за вид на саламурено овчо сирење произведено на традиционален начин со потсирување на сурово млеко добиено од овци со потекло од автохтоната македонска раса на овци – Овчеполска праменка.
Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ во соработка со земјоделската задруга „Еко Овчеполка“ иницираше проект со цел заштита на Македонското традиционално бело сирење од Овчеполска Праменка. Изработката на Истражувањето и Елаборатот од Епи Центар Интернационал придонесе за успешно заокружување на проектот и заштита на овој уникатен производ.
Со заштита на ова сирење се афирмира уникатна македонска раса овци, што дополнително создава услови за наследување на младите генерации на фармите. Производството на производи со заштитени ознаки и висока додадена вредност обезбедува попрофитабилно овчарско производство и придонесување за иден развој.