Составување на Резиме за Развојот на Економска Прекугранична Микро-Регионална Политика

Project Description

EWI го ангажира ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал да припреми економска политика за поширокиот GPKT микро регион кој покрива гранични општини, имено, четири општини во Србија, три во Косово и пет во Македонија кои покриваат микро регион со релативно низок економски развој и висока стапка на невработеност.

ЕПИ ЦЕНТАР спроведе десктоп истражување идентификувајќи ги секторите со најголем потенцијал за екононски развој во регионот и тоа го комплетира со теренско истражување кое опфати преку 60 интервјуа во поширокиот GPKT регион со МСП секторот во петте селектирани сектори. Наодите од истражувањето беа презентирани на три фокусни групни дискусии во Приштина, Скопје и Врање каде сите чинители , т.е. гратските надлежни органи, стопанските комори, претставници од МСП секторот, агенции за развој и донатори, ги изложија своите ставови поврзани со наодите и тие беа собрани и вградени во финалното резиме за економски развој.

Резимето за политика на економски развој , со кој беше предвидено зголемување на соработката помеѓу МСП секторите во Македонија, Косово и Србија, ги идентификува главните пречки за соработка помеѓу овие МСП сектори во микро регионот на сите нивоа, областите со најголем потенцијал за соработка како и моменталните дејствија кои треба да се превземат од секоја група чинители во GPTK регионот.

 

Експерти вклучени во Проектот:

  • 1 водач на тимот, координатор на Проектот
  • 1 специјалист за операции и обука
  • 1 советник за маркетинг и промоција
  • 1 експерт од Косово
  • 1 експерт од Србија

Project Details

  • Мониторинг и Евалуација
  • East West Institute
  • 01-12-2008
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.