Физибилити студија за можностите за рециклирање на отпад во Битола и Велес

Project Description

Во рамките на меѓународниот проект „Стимулирање на учеството на граѓаните во процесите на рециклирање преку имплементација на бенефит системите Benefit as You Safe (BAS), технолошко-техничкиот факултет (ТТФ) во Велес, при универзитетот Св. Климент Охридски - Битола е имплементациона институција. Проектот е финансиран од европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ) и земјите учеснички.

Основната цел на проектот е подигање на свеста на таргет групата (различна кај земјите учеснички) за процесите на селектирање и рециклирање на отпадот, со одреден бенефит за таргет групата. Кај нас, таргет група, се образовните институции (градинки, основни и средни училишта, ТТФ и општините) во Велес и Битола.

Оваа студија има неколку точки на фокус меѓу кои досегашните резултати од спроведените активности на БАС проектот, преглед на повеќе модели за селектирање и рециклирање на отпад во општините Битола и Велес, како и воспоставување на одржливи практики со можни извори на финансирање на долг рок и по завршување на активностите на проектот. БАС проектот беше прифатен со голем интерес и мотивираност со оптимизам за преземените активности, нивно спроведување и подобрување на состојбите Оваа студија произлегува од потребите да се направи оценка на досегашните активности спроведени од БАС Проектот поврзани со одржливоста и воспоставувањето на долгорочни модели за постапување со отпад и бенефит системите.

Со оглед на тоа што ефектите се наменети за општините Битола и Велес исто така беа преземени и истражувачки алатки како интернет пребарување на документи, вадење на клучни податоци од статистички прегледи, годишни планови за работа, стратегии и финансиски извештаи. Се спроведоа разговори со претставници од локалните самоуправи, јавните комунални претпријатија и приватни субјекти кои се заинтересирани за вклучување во системот на селекција и рециклирање. Се анализираа постојни студии на оваа тема во земјата и надвор со цел за добивање на идеи околу можно продолжување на започнатите активности на Проектот.

Анкетата за ученици беше пополнета од 693 ученици од Битола и Велес За ова истражување се спроведе и онлајн анкета преку ЕСПАИ специјализираниот систем за истражувања и обработка на податоци, развоен и имплементиран од консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР. Целта на овие анкети беше оценка на ефектот на Проектот врз оваа целна група. Беа спроведени две онлајн анкети со различни прашалници наменети за учениците од 6-то одделение до четврта година средно образование за да се добијат релевантни податоци за состојбата со отпадот во училиштата, како и еден прашалник за приватниот сектор за утврдување на ставовите и подготвеноста на компаниите за подобро справување со отпадот и вклучување во системите за селектирање и рециклирање.

Со оглед на пандемијата со КОВИД-19 тимот на ЕПИ ЦЕНТАР беше ограничен да спроведе подетално теренско истражување, па затоа овој дел беше спроведен од далечина односно преку електронска комуникација со субјектите. Направена е проценка на состојбата со јавните комунални претпријатија кои се формирани директно од општините Битола и Велес и се задолжени и надлежни за собирањето на отпадот во овие региони.

Проценката треба да ги даде насоките за поврзувањето на локалната власт преку јавните комунални претпријатија со граѓаните, односно со домаќинствата, младите или учениците во основните и средните училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа, како и со компаниите и колективните постапувачи со отпад. Беа консултирани и претставници на БАС проектот особено во делот за етаблирање на состојбите пред започнувањето на активностите на проектот, иницијалната фаза, проценката на преземените мерки како што се набавка на садови, подобра едукација и промоција на бенефит системите.

Project Details

  • Истражувачки студии и анализа на пазарот
  • EU BALKAN MED
  • 27-11-2020
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.