Анализа на Вредносен Синџир на Свеж Зеленчук во Македонија

Project Description

АгБиз потпиша договор со ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал за спроведување анализа на  вредносен синџир на свеж зеленчук во Македонија. Бидејќи индустријата со свеж зеленчук игра значителна улога во македонскиот агробизнис сектор, а воедно Македонија е важен извозник на земјоделски продукти на регионалните пазари, значењето на овој сектор заедно со неговите ефекти врз националната економија требаше да се оцени од неколку аспекти како структура, изведба, конкурентност, придонес во вработувањето итн.

Студијата беше компилирана со спроведување на истражување кое беше конструирано на следниот начин:

  • Селекција на најважните извезувани продукти од свеж зеленчук
  • Собирање на секундарни квантитативни податоци преку десктоп истражување на достапните информации добиени од официјални државни институции и постојни извештаи од Проекти/донатори
  • Собирање на примарни податоци преку детално истражување на теренски интервјуа со 10 компании кои се главни извозници на свеж зеленчук како и 20 прашалници испратени по е-пошта.

Прегледот даде квантитативни и квлитативни податоци за деталната анализа на вредносниот суџир на свеж зеленчук во Македонија и вклучуваше:

  • Профил фокусиран на извозот на свеж зеленчук како и постојните трендови кои произлегуваа од истражувањето и анализата на минатото производаство, обем и вредности како и примарните пазари на дестинација на селектирани продукти од свеж зеленчук.
  • Главните потенцијали и закани поврзани со спроведување на извозот на вредносниот синџир на свеж зеленчук.
  • Клучни наоди и заклучоци со специфичен акцент на вработувањто.
  • Орална презентација заснована на наодите и препораките од извештајот.

 

Профилот и анализата на свеж зеленчук му помогна на АгБиз во неговите идни планови за зголемување на конкурентноста на вредносниот синџир на свеж зеленчук во Македонија.

Project Details

  • Истражувачки студии и анализа на пазарот
  • Ag Biz; ARD
  • 01-10-2011
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.