Aг Биз Македонија

Project Description

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран да соработува со чинителите во вредносните синџири за зголемување на приходот на сите учесници во поддржуваните  ВС под-сектори (ЈАБОЛКА, ТРПЕЗНО ГРОЗЈЕ, ПИПЕРКИ) од горе до доле со употреба на широк пристап кој вклучуваше фармери, агрегатори, доставувачи на инпут, сопственици и трговци со разладни уреди и уреди за пакување, процесори и извозници. Преку имплеметација на пристапот, релевантен за оваа поставена задача, Консултантска агенција Епи Центар организира демонстративни парцели за технологијата на производство на јаболка во Преспанскиот регион, експеримент по бербата на јаболка во Преспанскиот регион групни сесии на фармерски оргнизации фокусирани на производството на јаболка, ФФРМ, национални и регионални институции и потпорни бизнис организации. Покрај тоа, во соработка со Земјоделското училипште во Ресен и постари експерти од Земјоделскиот Факултет, Епицентар го поддржуваше помладиот асистент во демонстративните парцели засадени со јаболка како дел од подобрување на капацитетите на Земјоделското училиште во демонстративната парцела со јаболка обработувана со современа технологија.

ЕПИ ЦЕНТАР работеше со голем број на трговци, извозници и големи производители на јаболка во трансферот на ноу-хау и го подобри пробивањето на извозните пазари, организирајќи В2В средби на босанските увозници со преспанските извозници во Ресен (во соработка со општината, ФФРМ, Трговската комора, фармерските асоцијации и трговците), студиски тури во Италија и Хрватска за производителите на јаболка во 2011 фод. и 2011 год., посета на саемот на јаболка во Болзано, Италија во 2012 год., учество на саемот на свежо овошје и зеленчук Фрутлогистика во Берлин, 2012 год. и 2013 год., саемот агро и храна – храна во светот во Москва во 2012 год. Соработката со асоцијациите, фармерските групи, ФФРМ и општината, како дел од фокусните групи и обуките  спроведени од домашни и меѓународни експерти, беше евидентирано во годишниот скрининг на перформансата на ВС на јаболка објавен од ЕПИ ЦЕМТАР за 2011 год. и 2012 год. Како резултат на оваа соработка, Епи Центар припреми 4 политики  за идентификување на потребните реформи кои беа дополнително дискутирани и прегледани од страна на агенциите MAFWE и OPARD.

Зацртаната задача на Проектот беше имплементирана според пристапот на ЕПИ ЦЕНТАР, со учество на водечки актери во секој од трите ВСи, со дополнително вклучување на  други ВС учесници на хоризонтално и вертикално ниво. Формираните вертикални и хоризонтални врски се уште претставуваат една од најголемите промени во македонското земјоделие, особено ако се има предвид големиот број на мали фармери.

Project Details

  • Имплементација и дизајн на проекти
  • AG Biz
  • 16-05-2013
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.