AG BIZ Macedonia – Поддршка за земјоделството во преспанскиот регион

Project Description

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран од УСАИД да работи со засегнати страни од вредносниот синџир за зголемување на приходите за сите учесници во поддржаниот под-сектор на (јаболка, трпезно грозје и пиперги) со примена на сеопфатен пристап, кој вклучува земјоделци, добавувачи, сопственици и трговци, сопственици на средства за ладење и пакување, преработувачи и извозници.

Преку имплементираниот пристап, релевантен за оваа задача, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал организираше презентации за технологијата на производство на јаболка во преспанскиот регион, со инфо сесии и фокус групите на кои учествуваа јаболковите организации, групите на производители, ФФРМ, национални и регионални институции со поддршка на деловни организации. Покрај тоа, во соработка со Средното училиште во Ресен и високи експерти од Факултетот за земјоделство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал го поддржа и помладиот асистент како дел од градењето на средношколски капацитети за примена на модерна технологија за производство на јаболка.

Задачата на проектот беше спроведена во соработка со водечки актери во секој од трите области со понатамошно вмрежување на другите учесници во вредносниот синџир, на хоризонтално и вертикално ниво. Создадавањето вертикални и хоризонтални врски е сè уште еден од најголемите предизвици во македонското земјоделство, особено ако се има предвид големиот број на мали земјоделци.

Project Details

  • Имплементација и дизајн на проекти
  • USAID
  • 31-10-2013
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.