Проектот „Supporting Small-Scale Farmers - Core Support to NFF“, финансиски поддржан од шведската развојна организација We Effect, е рамката во која заедно со Националната федерација на фармери работиме на нешто многу конкретно - градење на знаењата и вештините на младите фармери, кои се иднината на македонското земјоделство.
Денес нашиот тим ги презентираше резултатите од националното истражување спроведено со 1.200 земјоделци од целата земја. Не тргнавме од претпоставки - нивните одговори, искуства и реални предизвици беа основа за подготовка на практичната едукативна програма „Од нива до пазар - вештини за успешен земјоделец“.
Програмата содржи девет модули и треба да им помогне на младите земјоделци полесно да го планираат производството, да стигнат до пазарот, подобро да управуваат со финансиите и поодржливо да ги користат ресурсите.
Со поддршката од We Effect, посветеноста на НФФ и директниот придонес на младите земјоделци, создаваме програма заснована на реални потреби и применлива во секојдневната работа на земјоделските стопанства.