• English (United Kingdom)
  • Македонски (MК)

Практична обука за примена на EFSE Green List во кредитниот процес на МФИ Хоризонти

Во рамките на проектот „Развивање и воведување системи за идентификација, мерење и управување со еколошките ризици и можности во МФИ Хоризонти“, финансиран од EFSE Development Facility и имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, денес беше одржана практична обука за кредитните службеници на Хоризонти.

Обуката беше посветена на практичната примена на EFSE Green List во кредитниот процес и на улогата на кредитните службеници во препознавањето и класификацијата на зелените инвестиции.

Беа разгледани влијанијата на климатските промени врз земјоделството, потребата од приспособување на производството и конкретни инвестиции во поефикасно користење на водата и ресурсите, заштита на почвата, обновлива енергија, намалување на отпадот и одржливо растително и сточарско производство.

Посебно внимание беше посветено на практични примери и на економската оправданост на инвестициите, имајќи ги предвид потребите и можностите на малите земјоделски производители.

  • Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Проекти
  • Новости
  • Контакт