• English (United Kingdom)
  • Македонски (MК)

Национална теренска анкета со земјоделски производители за потребите на Програмата за подземни води

ЕПИ ЦЕНТАР започнува со спроведување на национална теренска анкета со земјоделски производители, како дел од активностите поврзани со Програмата за управување, користење и заштита на подземните води.

Целта на анкетата е да се соберат податоци од терен за пристапот на земјоделците до вода, постојните практики за наводнување, трошоците поврзани со користењето на водата, како и потребите на земјоделските производители за подобрени водни услуги. Анкетата ќе опфати и прашања поврзани со подготвеноста на земјоделците за плаќање за услуги кои би придонеле кон поефикасно и поодржливо управување со водните ресурси.

Истражувањето ќе се спроведува во различни региони во земјата, со цел да се добие пошироко разбирање за состојбата на терен и за разликите во пристапот, користењето и потребите поврзани со водата за земјоделско производство. Овие информации се важни за подобро разбирање на практичните предизвици со кои се соочуваат земјоделците, особено во услови на зголемена потреба за поефикасно користење на водните ресурси.

Анкетата ќе се реализира во соработка со Националната федерација на фармери, која ќе обезбеди поддршка во теренската мобилизација и комуникацијата со земјоделците.

Собраните податоци ќе служат како основа за подготовка на анализа и препораки кои ќе придонесат кон подобро планирање, поефикасни водни услуги и одржливо управување со подземните и површинските води во земјата.

Програмата за управување, користење и заштита на води е програма на Владата на Швајцарија и има цел да ја поддржи изградбата на долгорочни капацитети за управување со подземните и површинските води во земјата.

  • Почетна
  • За нас
  • Услуги
  • Проекти
  • Новости
  • Контакт