Епи Центар Интернационал во соработка со Gamper Smith Associates, учествуваше во спроведување на Евалуација на втората фаза од Проектот "Increasing Market Employability – IME” кој се имплементираше во периодот од 2019 до 2023 година. Проектот е финансиран од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а во Северна Македонија спроведен од страна на Паладиум.
Во рамки на ИМЕ Програмата, во изминатиот период преку креирање на проектни идеи, беа поддржани јавни институции, а особено приватниот сектор и организации кои придонесуваат за економски развој, фокусирано на областите: земјоделство, туризам и ИКТ. Евалуацијата беше спроведена преку преглед на проектна документација, прибирање и анализа на податоци, а во најголем дел преку одржување на интервјуа и разговори со повеќе од 50 различни претставници, вклучувајќи општини, компании, организации итн.
Врз основа на сеопфатна анализа, беа креирани повеќе препораки за воспоставување на фаза 3 од ИМЕ Програмата и нејзино фокусирано спроведување во насока на поддршка на конкурентноста на компаниите и одржлив развој.