Почитувањето на човековите права е обврска на сите сопственици на бизниси менаџери(-ки) и вработени, затоа Конект трага по посветени компании со позитивни практики за унапредување на човековите права во деловната средина. На овој начин, се поттикнува усогласеноста на бизнисите со Водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН и Целите за одржлив развој. Конект ги повикува сите компании кои сметаат дека можат да бидат пример за други да се пријават за награда.
Признанијата се доделуваат во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.
Кој може учествува? На овој повик можат да учествуваат компании од Република Северна Македонија со регистрирано правно лице минимум 3 години пред објавата на овој повик. Компании што се дел од меѓународни корпорации треба да се регистрирани како правен субјект, односно да имаат регистрирано претставништво во земјава.
Критериуми и процес на одлучување: Пријавите ќе се разгледуваат и оценуваат од стручна комисија според квалитативни критериуми кои можат да се најдат на овој линк. Ќе се евалуираат технички испаравните пријави од подобни правни лица. Комисијата го задржува правото согласно квалитетот на пријавите да го определи бројот на признанија што ќе се доделат. Во процесот на одлучување можни се барања на дополнителни информации, документи за поткрепа, проверки и посети.
Како и до кога да се пријавите? На Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 02.12.2019 год. пратете: 1) Пополнет формулар за пријава во електронски достапен формат и скенирана изјава за веродостојност; 2) Документација и линкови за поткрепа (по избор на подносителите); 3) Тековна состојба од Централниот регистар (документ не постар од 6 месеци).
Компаниите при пополнување можат слободно да се консултираат со Конект на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 02/ 3224 198. Настанот на кој ќе се доделуваат наградите ќе се одржи на 11.12.2019 год.