На 25 септември во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа состанокот на подсекторската група за семе и семенски материјал со цел да се презентирааат 34 правилници кои се усогласени со последните измени на Законот за семе и семенски материјал и постојните ЕУ регулативи.
На средбата имаше квалитетна дискусија помеѓу претставниците на министерството, управата за семе и саден материјал, бизнис секторот, академските претставници и претставниците од стопанските комори во Македонија, каде се дискутираа насоките за понатамошно постапување со изготвените документи. Во продолжение на активностите по завршување на настанот, подготвените 34 правилници беа официјално доставени до Министерството на понатамошно разгледување.
Иницијативата се изведува како резултат на потпишанот меморандум за соработка помеѓу Проектот и Министерството, со цел да се подобри состојбата во земјоделството, преку долгорочен одржлив развој и поттикнување на конкурентноста на македонското земјоделско производство како на домашниот така и на странските пазари. Овој меморандум е голем чекор напред во процесот на градење на стабилна и плодна врска помеѓу стопанските комори во земјата, но истовремено и помеѓу стопанските комори и државните институции.
Активноста се остварува во рамки на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој е спроведен од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Во наредниот период Проектот ќе продолжи да работи на оваа иницијатива заедно со своите партнери и да придонесува за подобра усогласеност на компаниите со законската регулатива.