ЕПИ Центар Интернационал нуди соодветни консултантски услуги во бизнис сферата насочени кон развој на микро, мали и средни претпријатија. Сето ова е со крајна цел да се подобри и засили како индивидуалната, така и колективната компетитивност на пазарот.
Покрај другото, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал нуди индивидуални консултантски услуги на секој клиент кои се основаат на нивните потреби и се прават низ суштинска соработка со клиентот како и во склоп на интернационално признаени методи и пристапи на работа. Затоа, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал им помага на компаниите да ја вклопат регионалната бизнис-клима во нивното секојдневно работење, се со цел да се максимизира ефективноста и да се креира одржлива позиција на компетитивност.
Истажување на пазар
Во ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал можете да добиете услуги насочени кој спроведување на истражувања и анализи на пазари преку подготовка и организација на самиот процес. Со ова се обезбедува детална анализа за индивидуални пазари за Вашите потреби.
Исто така, може да се изготви и маркетинг и позициска стратегија за посебни продукти или посебни таргет-групи, повторно базирано на темелни анализи и истражувања.