Изработка на анализа за вредносен синџир - Штрпче и Драгаш

Project Description

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран од УНДП да изработи анализи на вредносен синџир за производителите во четири сектори во Општина Штрпче (туризам, пчеларство, шумски плодови и билки) и дизајнирање на плановите за спроведување со конкретни активности препорачани во рамките на 6 постојни вредносни синџири (млеко и месо; овошје; зеленчук и житни култури; билки; пчели; шумски овошја; и текстил и облека) во општина Драгаш, како и четири проценети вредносни синџири во Општина Штрпчае.

Поточно, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ја процени постојната состојба (природа и обем на работење) на четири избрани сектори и обезбеди специфични и реални краткорочни и среднорочни интервенции за решавање на идентификуваните бариери со кои се соочуваат инволвираните актери. Покрај тоа, анализата препорача активности за поддршка и зајакнување на жените, младите и економски активните сиромашни за да се вклопат во засилена продуктивност и други активности преку вредносните синџири.

Проценката беше спроведена преку деск истражување и теренски интервјуа со локалните засегнати страни, вклучувајќи производители, трговци на мало, дистрибутери и претставници на локалните институции.

Project Details

  • Истражувачки студии и анализа на пазарот
  • UNDP
  • 31-01-2016
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.