Изградба на Организациски Капацитет за Помош на Инвалидизирани Лица во Македонија

Project Description

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал разви базична студија чиј главен акцент беше ставен на чинителите во идентификуваните таргетирани региони како и собирање и анализа на сите потребни информации.

Во процесот на припрема на студијата, тимот го употреби потврдениот пристап наречен “учесничко планирање од доле на горе“ при тоа комбинирајќи се поголем комплет од алатки на употребените и визуелните методи за да се олесни процесот на колективна анализа и планирање. Со овој пристап, сите ангажирани чинители од заедницата беа директно влучени во процесите на планирање и го дадоа нивното мислење, нудејќи мошне вредни идеи и податоци.

Покрај тоа, студијата содржи вредни информации добиени од детален преглед на сите национални стратегии кои се однесуваат на лица со инвалидитет заедно со македонската легислатива директно поврзана со ова истражување. Овие два сегменти се интегрално поврзани со сите минати, тековни и идни напори чија цел е совладување на препреките со кои е соочена заедницата на лица со инвалидитет (PWD). Следејќи го овој принцип, студијата исто така содржи мапирање на сите институции и тела одговорни за имплементирање на сите национални стратегии и зајакнување на националната легислатива како и ратификувани меѓународни конвенции кои се однесуваат на лицата со инвалидитет.

Project Details

  • Истражувачки студии и анализа на пазарот
  • Preda Plus
  • 25-11-2016
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.