Евалуација на АгБиз Програмата и Преглед на Проценката на Агробизнис Секторот

Project Description

ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал беше ангажиран да организира евалуација на АгБиз програмата во Македонија и преглед на проценката на агробизнис секторот на национално ниво. Целта на евалуацијата беше да се оцени прогресот на Програмата кон постигнување на нејзините поставени цели и да се започне со документирање на успехот и научените лекции, да се анализира ефективноста на процесот на селекција на потсектори и специфичните интервенции (проекти и активности) имплементирани од Програмата (кои од нив дејствуваа најдобро, кои не беа успешни и зошто), да се оцени вкупниот импакт на оваа активност врз претставниците од селектираните потсектори кои примиле поддршка од Програмата, особено од аспект на извозот, удел на домашниот пазар, продуктивноста, приходот, покритие и помош на учесниците во вредносните синџири, изградба на човечки капацитети, вредноста на стимулираните инвестиции, зголемен пристап до финансии, зголемена стапка на вработување регформи во политиките и институциите како и други постигнувања.

Намената на прегледот на агробизнис секторот беше да му даде на УСАИД/Македонијна концизна анализа на агробизнис секторот врз основа на наодите од проценката спроведена од ФАО, како и од други соодветни истражувања и студии. Целта на овој документ беше да учи од искуствата на претходните години на вложен труд во овој сектор, и од УСАИД и од други донатори во Македонија и да стекне увид за тоа дали и кога УСАИД помошта би можела да биде најефективна во натамошна поддршка на агробизнисот. Прегледот требаше да ги идентификува клучните проблеми и препреки за да можат македонските бизниси да станат поконкурентни и да препорача приоритети за да се максимизира импактот на идната долгорочна помош во агробизнис секторот.

Експерти вклучени во прегледот:

  • 1 водач на тимот
  • 1 странски експерт
  • 2 специјалисти за евалуација и преглед

 

Project Details

  • Мониторинг и Евалуација
  • USAID
  • 16-07-2009
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.