Земјоделците од Струмица и Радовиш добија целосни програми за нови модерни агротехнички практики и нови методи за заштита на нивните култури.
Програмите се изработени преку Проект на УНДП, кој го имплементира консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал од Скопје.
За реализирање на оваа активност се спроведе теренска посета на село Злеово, при што се почитуваа сите заштитни мерки како носење маски и одржување на физичка дистанца.
На земјоделците, градинарите и овоштарите им беа изработени целосни програми за ѓубрење и наводнување врз основа на изготвените почвени анализи на повеќе од 20 фарми во радовишкиот и струмичкиот регион.
Проектот за управување со сливот на реката Струмица финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во чие спроведување учествува и ЕПИ Центар Интернационал.