Претставници на „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој” одржаа средба со Константин Георгиевски градоначалник на општина Охрид и секторот за туризам од оваа локална самоуправа со цел поголема соработка меѓу општините од Северна Македонија и Србија за меѓугранична комуникација и поддршка за спроведување на ЕУ проекти.
По одржаната средба во општина Охрид, гостите од Србија од Проектот „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој” го посетија националниот парк Галичица каде што се одржа презентација од страна на домаќините за потенцијалите на овој природен резерват. Исто така се разговараше и за проекти во туризмот и можности за соработка
Проектот „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој” има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и општините од Република Северна Македонија и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка.
Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Македонија).
Субјектите од регионалниот развој од Јабланичкиот и Пчињскиот регион во вид на 12 единици на локална самоуправа (ЕЛС) и Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион како акредитирана регионална развојна агенција (АРРА) се реализатори проектот "Партнерство и изградба на капацитетите, пат до одржлив развој". Координатор на Проектот е консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал од Скопје.