Четврток и петок се прогласени за денови на жалост, по трагичната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која животот го загубија 14 луѓе, а над 30 се повредени, од кои дел се во критична состојба.
Упатуваме сочуство до семејствата и најблиските на загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, а на повредените побрзо опоравување.
Денес се откажани сите настани од областа на културата и забавата, а радиодифузерите се обврзани да ја прилагодат својата програма.
На Деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, а се превртел кај село Ласкарци. Неутврдени се причините, истрагата е под раководство на надлежниот обвинител, и веднаш штом ќе заврши ќе бидат соопштени сите факти и детали за причините за случувањето на оваа тешка сообраќајна несреќа.
Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминува спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината.
Интервенциите беа брзи на сите институции, вклучително МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратиле сите свои ресурси.
Седум патници починале на лице место на несреќата. 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8 Септември, односно донесени, 6 од тие 37 лица се починати во 8 септември. Во Свети Наум Охридски имаме едно починато лице, 2 лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, едно лице е на домашно лекување од Гостивар, во Мајка Тереза, 8 лица од кои 3 се со сериозни повреди.
Во општина Гостивар ќе се одржи Комеморативна седница.