Во тек е имплементацијата на втората студија за потребите на Проектот БИОРЕАЛ, која се однесува на проценка на влезните места на пазарот за крајни производи од компост во Вардарскиот плански регион. Како дел од оваа активност во петокот се одржа посета на депонијата на Јавното комунално претпријатие „ДЕРВЕН“ од Велес, со цел да се дискутира моменталната состојба за менаџирање и одлагање на отпадот од интерес, како и неговата вредност и можноста за негово користење.
Студијата има за цел да го истражи потенцијалното решение за управување со крајните продукти од компост во Вардарскиот плански регион, да ја разгледа можноста за управување со повеќе различни фракции на отпад кои можат да бидат рециклирани и реупотребени (хартија, картон, пластика, стакло), да ја утврди нивната потенцијална економска вредност и да предложи препораки кои ќе бидат интегрирани во генералниот план за управуавње со отпадот во регионот.
Целта на тимот е преку студијата да даде јасна слика за тековната состојба на оваа проблематика во регионот, како и препораки за понатамошни активности за следење во однос на локалните оперативни планови за работа и подигање на свеста кај локалното население и деловните субјекти за потенцијалната употреба на овој отпад. При тоа преку наодите и анализата на податоците преку студијата ќе се потенцираат и придобивките и недостатоците на сите понудени алтернативни решенија со што ќе се посочи она решение кое е најсоодветно да биде применето согласно анализираните специфични локални околности, гледано од економско - социјален и еколошки аспект.
Истражувањето се спроведува од ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ за потребите на Јавното комунално претпријатие „ДЕРВЕН“, Велес, во рамките на Проектот БИОРЕАЛ, како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.