Во серијата на обуки за земјоделци кои се одржуваат во Струмица и Радовиш, овој пат се говореше за значајноста на ph вредноста при производството на расад, како и за заштита од штетниците кај овошните култури.
Во рамките на третиот циклус од проектот Управување со реката Струмица, со цел за нејзина заштита и поголема одржливост на земјоделското производство во однос на заштита на животната средина.
Проф. Вјекослав Танасковиќ одржа обука на тема за важноста на ph во производство на расад на која се зборуваше за производство на расад во водени контејнери, резидба на пиперка во форма на V и други детали поврзани со расадот на раноградинарски производи.
Станислава Лазаревска одржа обука за можните методи на заштита од штетници на овошните насади, како што за заштита на штетниците од сливата и праската, како и агротехнички и механички и биолошки мерки за заштита.
Во партнерство со локалните земјоделски производители, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.
Во проектот е ангажирана и консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал од Скопје во спроведување на активностите.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со поголем број партнери на локално и национално ниво.