Во Струмица се одржа нова обука за земјоделските производители со посветување на внимание на интегралната заштита на растенијата.
Со примена на агроеколошки мерки во регионот на реката Струмица планирано е да се постигне висок и квалитетен принос на земјоделски производи, добивање на безбеден производ, заштита на животната средина и поголема заработка за самите земјоделци.
Затоа потребно е да се спроведат и обуки за најзначајните болести и штетници за пиперката и доматот, обука за основните техники на интегрална заштита, обука за примена на мониторинг на биолошките штетни агенси, обука за избор на средства за заштита, водење на евиденција за следливост на постапките во насадот и други чекори за заштита.
Обуките се дел од третиот циклус на Проектот за управување со сливот на реката Струмица финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во чие спроведување учествува и ЕПИ Центар Интернационал.