Солар Македонија во соработка со EPICENTAR International и со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем подготви четири позициони документи со цел да се подобри климата во соларниот сектор. Станува збор за:
• Барање за промена на сегашниот модел на надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата
• Предлог иницијативи за ревизија и подобрување на условите за увоз на суровини и опрема за производство на сончеви термално колекторски системи и елементи
• Предлог иницијатива за создавање поволни услови за инсталирање на фотоволтаични системи од страна на домаќинствата
• Предлог иницијатива за подобрување на принципите за снабдување на микро, малите и средните претпријатија од секторот, со цел подобро организирање на заедничките активности и формирање заеднички синџир за снабдување во секторот
Со оваа активност е поднесено барање за промена на начинот на субвенционирање на инсталирани термални соларни системи.
Со цел постигнување на максимална употреба на сончевата енергија во земјата, Солар Македонија активно работи на обучување на работната сила и овозможување на добри пазарни услови за компаниите во секторот. Членовите на Солар Македонија се нај засегнатата страна за соодветна промоција на системите за искористување на сончевата енергија.
Целиот процес на лобирање и застапување на членките од соларниот сектор беше поддржан од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, додека пак EPICENTAR International како консултантска куќа работеше на истражување, анкети и прашалници и изработка на позиционите документи.