Консултантската професија може да ви донесе големи предизвици и можности за напредок, работа во динамична средина, многу контакти и ангажман на врвни проекти. Сите кои се заинтересирани за ваков исчекор во кариерата своите почетоци може да ги направат во еминетната македонска консултантска куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Скопје.
Поради зголемување на обемот на работа ЕПИ ЦЕНТАР има потреба од ангажирање на едно лице - практикант кој преку учење и здобивање на практични работни вештини ќе се здобие со практично и професионално искуство.
Времетраење на работната пракса: 3 месеци со 8 часовно работно време со можност за продолжување на праксата и можност за вработување
Надоместок: Нето износ од 6.000 денари месечно
Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV (македонски или англиски) до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15.09.2019
Потребни Квалификации:
- Да не е во работен однос,
- Да не е постар од 34 години
- Да има ВСС
Вештини и способности:
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Спремност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Microsoft Word, Excel
- Учество во функционирањето на социјалните медиуми
- Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини
- Флексибилност за работа на терен
Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:
- Поддршка во процесот на архивирање и скенирање на документи кои произлегуваат од работењето
- Поддршка во одржување на базата на скенирани документи
- Учество во подготовка и тековно одржување на сите репрезентативни материјали на ЕПИ ЦЕНТАР (референтна листа, биографии итн.)
- Техничка поддршка при подготовка предлог проекти до разни донатори
- Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на ЕПИ ЦЕНТАР
- Поддршка при работа со електронскиот систем на ЕПИ ЦЕНТАР за прибирање и анализа на информации ЕСПАИ (систем за спроведување на анкети и истражувања)
- Поддршка при работа со листи за проверка на компании (внесување во систем, евиденција итн.)
- Извршување други сродни работи за поддршка на работата на ЕПИ ЦЕНТАР
ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал Скопје е македонска консултантска компанија која постои од 2005 година и работи во Македонија и Балканскиот регион (Косово, Србија, Бугарија, Грција и Албанија). Нашата компанија претставува важен партнер на избор на локални и меѓународни партнери, што придонесува одржлив економски развој, обезбедува одговорност и ги промовира човековите права во сите сегменти на општеството. ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал работи на бројни задачи како за претставници од јавниот така и од приватниот сектор, на локално, регионално и национално ниво, како и проекти поддржани од ЕУ, УСАИД, УНДП, СИДА, СДЦ, ОБСЕ.