Дводневната работилница во рамки на проектот „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој“ која се одржа на 11.04. и 12.04. во хотел Русија спои на едно место претставници од 22 општини од Србија и Северна Македонија и резултираше со 12 конкретни концепти за прекугранични проекти.
Проектот „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој“ посакува продолжување на успешната соработка и многу заеднички проекти во иднина.
На работилницата учествуваа градоначалници, претседатели на општини и претставници на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион во Србија како и претставници на општини од северозападниот и скопскиот регион на Северна Македонија.
Проектот „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој” има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и општините од Северна Македонија и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Северна Македонија).