ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со својот партнер од Р. Србија, Центарот за развој на Јабланички и Пчињски Регион на 25 и 26 октомври 2018 година во хотел Континентал го одржува меѓународниот форум за поврзување и вмрежување на единиците на локална самоуправа од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и единиците на локална самоуправа од Македонија. На форумот учествуваат 12 единици на локалната самоуправа од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и 16 општини од северозападниот и Скопскиот регион во Македонија.
На првиот ден на меѓународниот форум ќе биде претставен проектот и ИПА програмата Прекугранична соработка Србија Македонија 2016-2020, со претставување на општините од Јабланичкиот и Пчињскиот округ и северозападниот и Скопскиот во Македонија.
На вториот ден на меѓународната конференција „Учиме од соседите“ ќе бидат претставени примери на добри практики од соседните програми Србија – Бугарија, Македонија- Бугарија и Македонија – Грција.
Целта на дводневниот собир е вмрежување на градовите и општините од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и општини од северозападниот и Скопскиот регион во Македонија со цел што подобра подготовка за учество во програмата Прекогранична соработка Србија – Македонија како и одредување на теми од интерес за развој на прекугранични проекти.