Семинарот за финансиско управување за корисниците на проекти во рамки на Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 успешно се спроведе во четири региони во Република Македонија, а како градови во кои се водеше обуката беа одбрани Гевгелија, Кавадарци, Битола и Охрид.
Претставници на Министерството за локална самоуправа како национално надлежно тело ја водеа обуката на над 100 учесници кои се директно вклучени во проекти на ИПА.
Целта на настанот беше преку активно учество да се идентификуваат и научат постоечките правила за ИПА проектите во делот на потребните процедури, барања, изработка на потврди за трошоците и нивно верификување, изработување на извештаи за одминатите фази, како и собирање на податоци и информации кои ќе помогнат да се подобрат перформансите и да се олесни спроведувањето на превземените обврски во програмата Интерег ИПА програмата со Грција 2014-2020.
Тренингот е наменет за корисниците од сите 40 проекти кои се дел од Интерег ИПА 2014-2020 компонентата за прекугранична соработка, како и за оперативната структура и кадарот на националното надлежно тело кое е задолжено за асистенција, имплементација и мониторинг на проектите, како и за тие кои сакаа да ја зголемат својата вештина за подобрување на проектите, нивните перформанси и способноста за изработка на квалитетни извештаи.