Експерти за изработка и подобрување на бизнис планови, маркетинг и економски анализи од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал се вклучија во вториот дел од менторската програма за изработка на бизнис план според моделот Канвас во фондацијата Preda plus во Битола.
Станува збор за директно менторирање на десетина претприемачи со идеи за нови бизниси кои преку проектот Employouth веќе подолг период се дел од акцелераторската програма на Preda plus. Менторската програма е дел од реализацијата на проектот EMPLOYOUTH финансиски поддржан од Interreg програмата на Европската Унија за прекугранична соработка.
Заедно со експертите на ЕПИ ЦЕНТАР, идните претприемачи имаа можност во поединечни сесии да ги разгледаат можностите на нивната бизнис идеја, како истата најдобро да ја реализираат, како да ги организираат финансиите и трошоците, кои се нивни предности или недостатоци.
За сите кандидати ЕПИ ЦЕНТАР кој беше ангажиран во оваа втора фаза на менторската програма за изработка на бизнис план според моделот Канвас, даде соодветни препораки и предлози, а ќе следи и детален извештај со насоки за понатамошен развој на бизнис идеите.