Во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем се одржа фокус група „Моментални предизвици и можности за поддршка на домашните производители на соларни системи“, на која се дискутираше позицијата на домашните производители на соларни системи. Се прецизираа иницијативите кои е потребно да се предложат за да се дејствува кон остварување на заедничките цели и задачи.
Претставници на домашните производители на соларни системи искажаа повеќе барања за промена на регулативата со цел да се откочат одредени предизвици со кои се соочуваат во работењето, како и заложби да се ревидира програмата за субвенционирање на алтернативни извори на енергија за да се добијат подобри резултати, како и подобра енергетска ефикасност на домаќинствата и приватниот сектор во Северна Македонија.
Преку асоцијацијата „Солар Македонија“ сите искажани и предложени барања ќе бидат испратени до надлежните институции со цел да се подобри состојбата со функционирањето на секторот за производство на соларни системи.
Како дел од претходните активности беа и координативна средба со трговци и монтажери иницирана од Солар Македонија. ЕПИ Центар Интернационал како консултантска куќа е ангажирана во проектот. Крајната цел е со вложените заложби заеднички да се работи за постигнување на поставените бстсес и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво
На фокус групата беа презентирани резултатите од спроведената анкета, анализираните податоци кои се преземени од Царинската Управа, податоците за досегашните податоци од субвенционирање на соларните системи, како и анализата на податоците за состојбата на производството и извоз на соларни системи.