Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива заедно со четирите клучни партнери: Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија, ќе организира информативен настан за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот.
Целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата која што го одредува делокругот на работа на Државниот пазарен инспекторат, како еден од носечките инспекциски органи со надлежности во поглед на контролата на трговијата, угостителството и туризмот, безбедноста на производите, заштитата на потрошувачките права и правата од интелектуална сопственост, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.
Предавач на овој информативен настан е м-р Кирил Миноски, консултант со 19 годишно меѓународно искуство во креирање на политики, развој на институционалниот капацитет, развој на приватниот сектор, управување со промени и проектен менаџмент, поранешен консултант на консултантската куќа Буз Ален Хамилтон и лице кое што во минатото извршува повеќе високи државни функции.
Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 30 мај, 2018 година (среда) на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на тел 071 380 850 – лице за контакт: Тања Мицева Белевска
Во прилог е агендата за настанот:
АГЕНДА |
|
10:45 – 11:00 |
Регистрација на учесниците |
11:00 – 11:10 |
Презентација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива |
11:10 – 12:40 |
Тековната состојба на законската рамка која што го регулира работењето на Државниот пазарен инспекторат § Законски надлежности § Начин на вршење на инспекциски надзор |
12:40 – 13:00 |
Пауза за кафе |
13:00 – 14:00 |
Предлози и конкретни мерки за подобрување на регулативата и начинот на спроведување на надзорот над пазарот
§ Предавач: Кирил Миновски § Дискусија и прашања |
14:00 |
Коктел |